Макпетрол денеска преку соопштение се огласи по информациите и шпекулациите за судбината на Телма по кривичните пријави поднесени од МВР. Соопштението ви го пренесуваме во продолжение:

telma1

Поради злонамерните шпекулации кои постојано се лиферуваат во јавноста дека наводно Макпетрол планира да ја продава телевизија Телма, Макпетрол чувствува обврска да ја извести јавноста дека менаџментот на компанијата ниту преговара со кого било за продажба на телевизијата, ниту има намера да ја продаде.

Напротив Макпетрол е во сериозни инвестициски зафати во телевизија Телма, која изминатата година, според официјалните податоци, ја зголеми гледаноста за речиси илјада посто и Телма, набрзо ќе зрачи во фул HD резолуција, целосно ребрендирана, според светски стандарди.

Менаџментот на Mакпетрол и телевизија Телма соопштува дека ќе останат верни на својата принципиелна, непристрасна и објективна уредувачка политика и немаат намера да потклекнат на било какви политички притисоци.

Слични содржини