82
Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ и коалицијата Борјанчо Мицевски денеска изјави дека бара мандат од граѓаните со чесна и домаќинска понуда која ќе обезбеди просперитет и развој на општината.
– Се обврзуваме да обезбедиме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво, рече Мицевски.
Приорити ќе му бидат гасификација, задржување на младите да работат и живеат во Крива Паланка, надминување на проблемите со паркинг просторот, нов лик на стариот градски плоштад.
– Ќе градиме патишта, водоводи, улици и канализации. Ќе работиме чесно, одговорно и во интерес на сите граѓани на Крива Паланка, рече Мицевски.