Мнозинството бара помош од ВМРО за усвојување на реформските закони

од desk4

Контактирани од Алсат М, од ВМРО – ДПМНЕ велат дека поради чувствителноста на разговорите не можат да дадат детали за средбите со СДСМ, за тоа за кои закони досега се договориле и за кои се уште не нашле заеднички јазик.

Најголемата опозициска партија вели дека враќањето во Собранието, по бојкотот поради апсењето на нивни пратеници обвинети за настаните од 27 април, зависи токму од овие разговори.

И функционери од СДСМ кои се дел од работната група, не сакаат да дадат информации за тоа дали е постигнат некој договор со ВМРО – ДПМНЕ. Бидејќи немаат доволно пратеници за гласање на системските закони, СДСМ бара помош од ВМРО – ДПМНЕ за да обезбедат мнозинство за усвојување на закони за кои е потребна двотретинско мнозинство. СДСМ изразило подготвеност да ја прошири и владината коалиција со цел да обезбеди стабилно мнозинство.

Од ДУИ негираат дека имало средба на нивни претставници со претставници на ВМРО – ДПМНЕ. Велат дека имаат секојдневни средби со коалициските партнери со цел усогласување на ставовите.

Слични содржини