Мурињо пред големиот судир: Сити е добар тим со добар тренер

од desk3

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо зборува пред големото дерби на Манчестер против Сити. Дуелот е во саботата (10-ти септември) од 13:30 часот на “Олд Трафорд”.

Тренерот го коментира противникот, кој е воден од Пеп Гвардиола. Двајцата со Мурињо повторно го обновуваат ривалството : “Откако има нови сопственици, Манчестер Сити има многу добар тим. Тие имаа многу добри менаџери. Тие се претендент за титулата, па мора да бидат почитувани.”

14734294092

“Ова е еден натпревар. Кога се обидуваш да стигнеш до титулата, нема дуел, кој ќе е поважен од другите, особено имајќи предвид дека сме на оваа рана фаза од сезоната. Знам што значат дербијата за сите. Сум играл такви натпревари во секоја земја во која работев, во толку многу градови. Секогаш сепак сум се обидувал да се контролирам емотивно, бидејќи за мене тоа е само дуел против еден многу добар ривал “, дополни Жозе.

“Отсуството на Агуеро ги прави работите потешки за нас, бидејќи кога тој е на теренот, знаеме во каква формација ќе играат. А кога не е на располагање, тие имаат толку многу можности. Може Иеанашо, Стирлинг или Силва да играат како лажна деветка . Затоа ние треба да се справуваме во движење со секоја ситуација и даго намалиме на минимум сето непредвидено, а тоа е уште потешко.

Златан е феноменален играч кој е на 34 год., но сеуште сака да постигне уште многу во кариерата. Тој не ги сакаше кинеските или американските пари, туку сакаше да дојде на многу потешко место каде ќе игра и да победува. Тој нема потреба од никаква мотивација, бидејќи таа е во неговата природа.

Кога ќе дојдеш во клуб како Манчестер Јунајтед, не можеш да вртиш. Треба директно да се насочиш кон целта и да признаеш дека ние сакаме да ја освоиме титулата “, рече Мурињо.

Слични содржини