МВР: Се пропуштаат камионите што чекаа на граничниот премин со Грција

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утринава од 9.30 часот почна пропуштањето на тешки товарни возила кои чекаа во меѓупоросторот за влез во Република Грција.

„МВР ги известува граѓаните дека утринава од 9.30 часот од страна на грчките погранични органи на граничниот премин Евзони почна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Република Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни моторни возила, кои чекаат за влез во Грција.

Исто така, Министерството за внатрешни работи известува дека на граничниот премин Дојрани сè уште трае забраната за влез на товарни возила во Грција./Мета

Слични содржини