НАТО и ја пресекува “сферата на влијание ” на Русија на Балканот, Црна Гора влегува во сојузот

од desk3
101 прегледи

Црна Гора ќе добие покана за влез во НАТО, а Алијансата ќе ја продолжи до крајот на 2016 година мисијата во Авганистан. Тоа според дипломатски извори се точките за кои министрите за надворешни работи од НАТО ќе постигнат согласност на започнатата во вторникот средба во Брисел. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг изјави и цврстата поддршка за сојузникот Турција, која собори руски ловец поради нарушување на воздушниот простор на границата со Сирија. Столтенберг потсети дека во Турција се наоѓаат ракети “патриот”, како дел од противракетниот штит на Алијансата и додаде дека во скоро време ќе бидат донесени решенија за дополнителна помош.

Image_5145195_407

“Би сакал да видам како Русија го притиска нашиот заеднички непријател – ИД, а многу од нивните удари се во области во кои ИД немаат присуство”, изјави главниот секретар. Тој очекува Москва и Анкара да се разберат. Пред да даде изјава, Столтенберг се сретна со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. “Турција жали за инцидентот со рускиот Су-24 и е отворена за секаков дијалог со Руската Федерација”, рече Давутоглу.

“Ние жалиме за инцидентот со рускиот авион, но како што рековме претходно, имаме право да ги заштитиме нашите граници. Нема потреба да не обвинуваат дека сме го заштитиле воздушниот простор “, рече турскиот премиер. Тој додаде дека неговата земја е отворена за дијалог со Русија.

Турција уапси двајца генерали и полковник поради оружјето испратенo кон Сирија

Давутоглу истакна дека Турција нема намера да одговори на ограничувањата наметнати од Москва по инцидентот со соборувањето на бомбардери.

НАТО ќе изјави поддршка и за Украина, а освен политичка помош Киев ќе добие помош во форма на обуки за командниот состав и борба против сајбер закани. Ќе биде разгледано и прашањето како Алијансата да се спротивстави на ИД чија дејност го оформува “виножито на закана” од Авганистан до Северна Африка и Европа. Дипломатите во седиштето го избегнуваат прашањето дали може да се очекува решение за копнена операција против ИД во Сирија и Ирак.

Покрај продолжувањето на операцијата на ISAF во Авганистан, која е за обука и поддршка на локалните безбедносни сили, Унијата најверојатно ќе продолжи да им помага и финансиски до 2020 година Некој вид помош може да добијат и други држави во Северна Африка и Блискиот Исток во кои настапува ИД.

Поканата за членство на Црна Гора ќе биде разгледана и усвоена во вторникот наутро, по што таа треба да биде ратификувана и од сите други 28 земји членки. Ова е првото проширување на Алијансата од пред 7 години. Столтенберг посочи дека процесот во Западен Балкан ќе продолжи.

Мерките за безбедност при влегување во седиштето на НАТО се засилени, како и во Брисел, каде што патролираат вооружени со автомати војници по почетокот на операцијата за задржување на бомбашите од Париз.

Слични содржини