Нема повеќе македонска и српска музика на радијата

од desk3
72 прегледи

На радиостаниците од денеска нема ниту македонска, ниту српска музика.

Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика.

radija

Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Поради забраната за емитување македонска музика, викендов нема да се одржи „Фолк фест Валандово“, најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни.

 

META

Слични содржини