Никој да не подлегнува на сценаријата на Груевски, апелираат од СДСМ

од Vladimir Zorba

Парламентарното мнозинство согласно Уставот, законите и Деловникот, во легална и легитимна процедура, на мирен начин, пред целата македонска и светска јавност, избра нов претседател на Собранието, велат од СДСМ преку партиско соопштение.

„Изборот беше поздравен од нашите стратешки партнери САД, од ЕУ и од целата демократска јавност. Сега Трајко Вељаноски треба да му ја предаде функцијата и да продолжат демократските процедури со давање на мандатот за состав на нова Влада. Насилството во Парламентот, поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, Митко Чавков и група нивни соработници со цел спас од одговорност за сторените криминали и злодела, вклучително и на оние во Собранието со напад на пратеници, новинари, вработени во Собранието не смее да се повтори. И за тоа ќе има одговорност“, велат од СДСМ.

Од партијата повикуваат никој да не подлегнува на сценаријата на Груевски кои, како што додаваат од партијата, имаат за цел застранување од демократските процеси и ЕУ и НАТО интеграциите./META

Слични содржини