Швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг пишува дека длабоката политичка криза во Македонија не ги уништила само легитимитетот на домашните политички елити и довербата во државните институции, туку и престижот на ЕУ со нејзиниот „несреќен кризен менаџмент“, пренесува Дојче веле.

johanes_hajndl_0

„Дека спроведување на Договорот (од Пржино, н.з.) ќе биде Херкуловска задача која бара силни медијатори на терен, се чини дека не беше сфатено во Брисел. Наместо тоа, работата му беше оставена на пензиониран парламентарец од редовите на Зелените од Белгија, кој со неуспех си замина во март.
Сега Берлин одлучи да испрати специјален пратеник во македонската криза. Се работи за Јоханес Хајндл, амбасадорот во Виена, кој минатата недела дојде на разговори во Скопје. Германија веќе неколку години се обидува на Балканот да ги пополни стапките на САД, и онаму, каде што ЕУ потфрла, да го наметне својот концепт за ‘стабилизација на регионот’“.

„Кризата во Македонија доведе до мобилизација на граѓанските движења. Тоа е нов развој, затоа што досега под ‘цивилно општество’ се подразбираа оние финансирани однадвор. Невладини организации кои често одвоени од домашното општество водеа сопствен живот. Веќе со месеци се одржуваат протести и настани од кои се бара кривична постапка против Груевски и неговите соработници.

Скандалозната општа амнестија на претседателот Ѓорге Иванов доведе до дополнителна мобилизација. (…) Во главниот град демонстрантите ги напаѓаат кичестите фасади и споменици поставени од режимот на Груевски. Кичестата архитектура се бои со бапони со боја. Активистот Џабир Дерала се става во одбрана на оваа пракса. Тоа не се споменици, туку објекти кои државата ги постави со нашите украдени пари, вели тој. Притоа се избира што ќе се фарба: се внимава на спомениците на борците против османлиското владеење, додека смешната Триумфална порта се ‘разубавува’.“

„(…) Критичарите сметаат дека движењето мора брзо да изроди ‘нова елита’ затоа шторазјадениот од корупција ‘Систем Груевски’ е пред распад. Доколку тоа не се случи, по падот на Груевски власта ќе ја преземат социјалдемократите. Тоа ќе биде постепено, но не и темелно подобрување. И овие политичари функционираат врз основа на клиентелистичкото општество, кое вклучува корупција и заобиколување на законот“, пишува Ноје Цирхер Цајтунг.

Слични содржини