124
– Над 9.300 лица, меѓу кои 3.800 цивили, се убиени во времетрање од една година при руски воздушни удари во Сирија, објави денеска сирискиот Центар за набљудување на човековите права.
На овој ден, минатата година, руската војска почна да интервенира во конфликтот во Сирија како поддршка на режимот на претседателот Башар Ал Асад, пренесува БТА.
Од 30 септември 2015 година од руски воздушни удари во Сирија имаат загинато 9.364 лица, посочи во коминике Центарот.
Меѓу жртвите има 3.804 цивили, а убиени се и 2.746 џихадисти од ИД и 2.814 борци на различни бунтовнички и исламистички групи.
Претходно, директорт на Центарот, Рами Абдел Рахман, изјави дека за една година руската воена авијација усмртила околу 10.000 луѓе во Сирија