Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашото гостување на 1Тв, најави нови случаи, за кое вели дека се перефектно обработуваат и добар дел подготвени. Од нови предмети од новите преслушувања на прислушуваните материјали се нижат предметите „Палевски-Панчевски “, „Империја“, „Поштенска Банка“, „Скопје 2014“, „Гасовод“, „МПМ“.
Во однос на Срѓан Керим поранешниот прв човек на МПМ Македонија и директорката Јана Станисављева е кажано дека се обвинети од СЈО и затоа се сослушани и дека е точно дека Керим веднаш по сослушувањето ја напуштил Македонија и се преселил во Хрватска. Тој најавил дека ако треба ќе му биде достапен на судот. За второобвинетата Станисављева имале сознанија дека таа била во Македонија и не ја напуштила државата.Обвинителката Лила Стефанова рече дека тие се товарат за лажниот стечај „Графички центар“ и МПМ.
СЈО обвинителите Катица Јанева, Лила Стефанова и Трајче Пеливанов, потенцираа дека многу работат и имаат многу докази, а за најголем дел од делата не застаруваат, некои и до 40 години, и има време да бидат коплетирани и пресудени за да се дојде до правда која ја очекуваат сите граѓани.
Во тој контекст тие потенцираа дека се замрзнати 92 милиони евра како замрзнати средства на обвинетите, дека се има одлична меѓународна правна помош и соработка, се врши следење на парите, и има конкретни докази дека особено осомничеите во Империја носеле пари на Кипар, а потоа ги враќале како странски инвестиции.
Специјалното јавно обвинителство ја исполни мисијата за која е формирано и продолжува да работи континуирано во борбата против криминалот, оцени специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во емисијата „Правда, неправда“ на 1ТВ.
За тоа дека рејтингот на институцијата е паднат, рече дека тоа е моментална состојба и оти каде и да се појават им изразуваат поддршка.
Во врска со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски рече дека се надеваат оти тој ќе биде вратен во Македонија и ќе ја одлежи затворската казна.
– Се надевам дека ќе се изнајдат сили од Владата, особено од Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи, на кој било начин да го вратат Никола Груевски да ја издржи казната и да биде присутен на постапките што се водат во судот, рече Јанева.
Соопшти дека како СЈО не биле запознати дека Груевски ги повлекол средствата од банките пред бегството во Унгарија.
– Ние бараме да се вратат многу пари во буџетот на РМ, како преку меѓународна правна помош, така и преку предистрагите и истрагите на СЈО, од осомничени или обвинети во Македонија. Тие 120.000 евра не се некоја импозантна бројка што може да го сврти вниманието, да помислиме дека можеби ќе побегне кое било лице, а не Никола Груевски, рече Јанева.
Таа очекува многу брзо да биде донесен и законот со кој ќе продолжи работата на Специјалното јавно обвинителство.
-Се надевам дека законот со кој ќе се продолжи работата на СЈО, со кој ќе се прошири надлежноста на СЈО и со кој ќе се премости членот 22, ќе се случи набргу и дека брзо ќе се реши како Предлог-закон во комисијата во која работиме, ќе се подонесе до Владата и ќе се изгласа во Собранието и врз основа на тој закон тогаш ќе се постапи и ќе се донесе јавно обвинителска одлука по тие осум предмети што се во истражна постапка, рече Јанева. Додаде дека СЈО покрај разговорите што и ги има дадено поранешната опозиција, има и многу материјални докази со кои се докажува основаното сомневање на осомничените дека го сториле кривичното дело за кое се обвинети.
Во однос на забелешките дека не се третираат функционери од ДУИ, Јанева информира дека од 660 илјади разговори, околу 14 проценти се на албански јазик и оти сите се преведени. Од СЈО истакнуваат дека ниту вршат селекција, ниту пак некого привилегираат или дискриминираат по етничка ниту по партиска основа.
Погледнете го целото издание на емисјиата Правда-Неправда на 1Тв:
Публикувахте от 1tv.mk в Вторник, 29 януари 2019 г.