Останува неизвесноста околу мандатот за составување влада

од Vladimir Zorba

Претседателот Иванов се врати во Македонија по неговата посета на Турција, но останува неизвесноста дали ќе го додели мандатот за формирање влада. Неколку дена откако претседателот на Собранието писмено го извести Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство, од кабинетот на претседателот не соопштуваат нови детали, туку упатуваат на веќе објавениот став, информира АлсатМ.

Кабинет на претседателот Ѓорге Иванов:

„Кабинетот на претседателот потврдува дека пристигна писмо од Собранието на РМ. Претседателот Ѓорге Иванов ќе постапи во согласност со Уставот и воспоставената пракса.“

Експертите проценуваат дека наскоро ќе се формира нова влада. Тие очекуваат Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев. Во спротивно, како што велат, новото мнозинство само ќе избере влада. Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, вели дека граѓаните преку изборите веќе го дале суверенитетот на парламентарното мнозинство.

Сличен став има и професорот Арсим Синани, според кого, Иванов можеби е заложник на Никола Груевски, но веќе не може да го опструира процесот за формирање влада.

„Не мислам дека Иванов не може да го даде мандатот за формирање на идната влада туку сметам дека Иванов бил и продолжува да биде заложник на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Чавков и групата луѓе кои ја донесоа Македонија во состојбата во која е денеска. Ако Иванов не го додели мандатот, 67-те пратеници кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, односно албанските партии со СДСМ, не треба да чекаат ниту минута туку треба веднаш да ја формираат владата“, оценува професорот Синани.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини