Отворена телефонска линија за контакт на граѓаните со министерот Таравари

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство воведе телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, Арбен Таравари преку мобилните апликации „Вибер“ и „Вацап“.

Од министерството информираат дека почнувајќи од денес, функционира телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба, или пак за пријавување одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.

– Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство – изјави министерот Таравари.

Како што е споменато погоре, комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку „Вибер“ и „Вацап“, кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349-999.

Слични содржини