Парламентарното мнозинство бара итен избор на претседател на Собранието

од Vladimir Zorba

 

Со вашето отфрлање да се гласа за претседател на Собранието, со двете нозе го изгазивте Деловникот, му рече Адеми на Вељаноски.Ќе  има одговронст за тоа, најдобронамерно ви укажувам на тоа како постар пратеник.

Пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, обраќајќи му се на Трајко Вељаноски, кој е претседавач на конститутивната седница, го обвини дека со двете нозе денеска го изгазил Деловникот, со отфлувањето на предлогот на Оливер Спасовски од СДСМ, со поддршка од десет пратеници да се гласа за претседател на Собранието.

Зијадин Села од Алијансата на Албанците, кој зеде збор после Адеми, рече дека „претседавачот нема право да одлучува за ништо“, иако, како што рече „девет дена сме сведоци за повредување на Деловникот“. Во демократијата решаава мнозинството.

Тој потенцираше дека  во Деловникот никаде не пишува дека претседавачот има право да одлучи колку ќе продолжи работата на Собранието.

На ова реагираше Антонио Милошоски кој ги обвини пратениците Спасовски, Адеми и Села дека предлагаат „да го кршиме Деловникот за да не замолчат нас“. Идниот претседател со молчење дејствиваше во парламент, а сега сакате и нас да не замолчите.

Од СДСМ реплицираа дека никој никого не замолчува откако ќе биде избран претседател ќе продолжи дебата колку што сакаат, и за сите спорни точки кои тие сметаат дека сакаат да се разговара.

Претходно пратеникот Оливер Спасовски со поддршка од 10 пратеници побара да се прејде на следната точка за избор на претседател бидејќи оваа точка е бликирана и истата да продолжи по избор на претседател на парламентот.

Оваа точка мора да се заврши рече тој бидејќи комисијата во која имаме исто така мнозинство ни е потребна и за другите тела врз кои надлежност има парламентот.

Слични содржини