Парламентарното мнозинство еден час се обидува да обезбеди кворум за изборот на нов јавен обвинител

од desk2

Парламентарното мнозинство повеќе од 1 час се обидува да обезбеди кворум за работа на Собранието за седницата на која што треба да биде изгласан новиот државен јавен обвинител.

Собранието се очекува денеска да го гласа Љубомир Јовески за нов јавен обвинител по предлог на Владата.

Освен изборот на нов јавен обвинител, на денешниот дневен ред на Собранието се изборот на заменици на генералниот секретар како и измените на Законот за заштита на сведоци, побаран од Специјалното јавно обвинителство. Со овој закон ќе му се овозможи на обвинителството да одлучува кој ќе биде заштитен сведок во постапките под нивна надлежност.

Исто така, ќе се расправа и за измените на Законот за Судскиот совет, за престок на важењето на Законот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност на судија, за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за здравственото осигурување, ќе се расправа и за Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување, како и за измените на Законот за акцизи, сите по скратена постапка.

Слични содржини