Денес очите од целиот свет се вперени во Шпанија бидејќи во нејзината покраина Каталонија се одржува референдум за независност. Од нејзииот резултат ќе зависи иднината на Европа, а тензиите по повод овој настан се чувствуваат во цела Шпанија, но и во Европската унија. Од една страна државата се обидува да го спречи одржувањето на референдумот, додека другата страна сепаратистите не се откажуваат од веќе закажаниот референдум.
07:15 Колони пред отварањето на избирачките места – Стотици граѓани на Каталоија од рано наутро стојат во редовите пред избирачките места за да гласаат на референдумолт за независност на тој богат шпански регион кој централната власт во Мадрид го смета за неуставен.
Ројтерс јавува дека некои граѓани ги блокирале вратите на избирачките места, во случај полицијата да дојде и да го спречи гласањето.
Каталонскиот парламент на 6 септември го усвои законот со кој ги озаконува своите планови дека на 1 октомври во тој шпански регион ќе се организира референдум за независност. Уставниот суд на Шпанија го укина тој каталонски закон – правна рамка за воспоставување на независност на Каталонија, а шпанската влада го прогласи за незаконски одржувањсето на било каков референдум за независност, бидејќи во Уставот се наведува дека “Шпанија е недделива”.
Неколку дена пред референдумот неколу илјади жители на Барселона и другите градови на Каталони се собраа на плоштадите во знак на поддршка на референдумот и во таа прилика ги повикаа граѓаните да излезат нагласање. Шпанската влада соопштува дека регионалната полиција ќе ја преземе контролата над било кое избирачко место во очи на одржувањето на референдумот за незасвисноста на Каталонија. Шпанската влада неколку дена пред референдумот и нареди на регионалната полиција на Каталонија да ги идентификујва претставниците во локалните училишта и на другите јавни институции за кои се очекува да бидат користени како изгбирачки места за референдумот.
Шпанските обивнители предупредија дека официјалните лица кои се вклучени во било какви подготовки на референдумот можат да бидат обвинети за граѓанска непослушност, злоупотреба на положбата или јавните фондови. Во Европската унија расте загриженоста за состојбата во Каталонија, а групи пратениците во Европскиот парламент (ЕП) побараа од Европската комисија и други тела на ЕУ да интервенираат и да помогнат состојбата да не излезе од контрола.