Полскиот парламент отфрли нацрт закон за целосна забрана за абортус

од Vladimir Zorba

 

Полскиот парламент отфрли денеска нацрт закон со кој се предвидуваше целосна забрана за абортус откако жени организираа масовни протести ширум државата.abortus-polska

Десничарските и либерални парламентарци во 450-члениот Долен дом здружија сили и гласаа со 353 „за“ и 58 гласови „против“ спорниот нацрт закон. Осумнаесет пратеници беа воздржани.

Комитетот на полскиот парламент за правда и човекови права го отфрли вчера тој законски проект и повикаа парламентот да го направат истото по масовните протести на жените во државата.

Владејачката десничарска Партија на законот и правдата која има мнозинство во парламентот е во принцип за забрана на абортусот, но нејзините лидери станаа свесни дека мнозинството жители на државата го поддржуваат актуелниот закон кој дозволува абортус во одредени случаи, наведуваат западни медиуми

Слични содржини