Премиерот на Шпанија: Интегритетот на земјата не може да биде предмет на договор

од Vladimir Zorba

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека нема да прави компромис со сепаратистичките стремежи на властите во Каталонија, пренесе Дојче Веле.

Владата ќе се погрижи за тоа евентуалното прогласување на независност да не доведе до резултат, предупредува Рахој во интервју за весникот El Pais, објавено денеска.

Тој дури ja допушта можноста за распуштање на регионалната влада на Каталонија, ако таа не се откаже од намерата да ja отцепи покраината од Шпанија.

Ништо не исклучувам, одговара Рахој на прашање дали е можна таква опција.

Чл. 155 од шпанската устав и овозможува на централната власт да ја распушти регионалната влада на Каталонија, ако таа не се откаже од намерата да ја отцепи провинцијата од Шпанија.

Шпанскиот премиер уверува дека ќе стори сè што е потребно и се надева Каталонија да не оди по патот на сепаратизмот.

Идеална опција би било да не дојде до радикални мерки. Властите во Каталонија се уште имаат можност да спречат потребата од тврда реакција од страна на централната влада во Мадрид. – посочува Рахој.

Тој е категоричен дека интегритетот на земјата не е предмет на договор и Мадрид нема да води преговори во заднина на заканите.

Според зборовите на шпанскиот премиер, додека не заврши кризата во Каталонија ќе останат 4.000 полицајци, испратени од централните власти.

Тој ги исклучува варијантите за посредување, како и за предвремени избори.

Слични содржини