Ова  е шанса за конзервативецот Франсоа Фијон да се врати во трката. Во моментов како лидери се дефинираат центристот Емануел Макрон и Марин Ле Пен.

Околу 29% од гледачите го поддржале Емануел Макрон , а Марин Ле Пен го  дели третото место заедно со Фијон.  Жан-Лук Меланшон успеа да ги освои симпатиите на гледачите и да се рангира веднаш по Макрон.

Лидерката на крајната десница најави заживување на кампањата, откако анкетите покажаа дека таа го губи темпо во трката за Белата куќа.

Социјалист Беноа Амон и крајнолевичарскиот кандидат  Жан-Лук Меланшон се последните учесници во телевизискиот дебата .

Сите петмина кандидати за Елисејската палата дебатираа за проблемите за невработеноста, миграцијата, социјалната сигурност и приходите.

Се очекува петмината да добијат најмногу гласови во првиот круг , закажан за 23 април. Во него ќе учествуваат 11 кандидати. Првите двајца по него ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 7 мај.