Продолжение на конститутивната седница на Собранието

од Vladimir Zorba

Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Во вчерашното 19 продолжение на оваа седница, кој помина со реплики и контрареплики, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека единствен излез од политичката криза е одржување на нови парламентарни избори. Тие повторно побараа од лидерот на СДСМ да објасни што договорил постизборено со албанските партии.

Слични содржини