Пукната главна цевка на канализациона мрежа го блокира Скопје

од Vladimir Zorba
И денес полициски возила ја блокираа улицата кај новата зграда на Факултетот за драмски уметности спроти министерството за надворешни работи. Проблемот била скината главна цевка на канализациона мрежа, информира 24Вести.
Работниците на водовод и канализација велат дека проблемот настанал поради тоа што инвеститорот без да се консултира со институциите копајќи на своја рака вчера вечер ја скинал цевката од главната фекална канализација поради што ископот за новиот објект се полни со фекалии.
И покрај тоа што околу објектот што се гради нема поставено табла за инвеститорот и изведувачот на некои телевизиски екипи грубо им беше забрането сминање бидејќи се работело за приватен имот.
Градежен инспектор на општина Центар ја запре градбата, а ќе побара и ќе испитува дали инвеститорот има елаборат за заштита на градежната јама. Според нив инвеститор на објектот е „Волис Проперт“,  изведувач “Рапид Билд“, а надзор на објектот има „Поинт Дизајн“.
Поради огромното количество вода во ископот има потопен багер, а се забележува и големо свлечиште кое може да предизвика и уривање на зградата на ФДУ која нема потпорен ѕид. Токму поради тоа на улицата не е дозволен пристап на возила.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини