Шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ потврди дека има хрватски државјани кои војуваат во Украина, но истакна дека тие се борат исклучиво во редовите на украинската армија.

– Според мои информации има хрватски војници во Украина, кои се присоединија кон украинската армија, рече Пусиќ.

Таа додаде дека според хрватските служби за безбедност и разузнавање засега нема хрватски државјани, кои се присоединиле кон паравоените групи.

Пусиќ не прецизира колкав е бројот на Хрватите кои се борат во Украина./МИА

Слични содржини