Освен тоа, Германците се незадоволни и со стагнцаија на платите.
Со децении поради нацистичкото минато на земјата, националистите во Германија беа тивки, но одеднаш ултрадесничарите ја видоа својата шанса и почнаа да собираат приврзаници.
– Таканаречената Алтернатива за Германија (AfD) често е поврзувана со неонацистите, но нејзините лидери себе си се претставуваат поразлично. Меѓу кандидатите на AfD се дипломци од универзитетите, жени со кариери кои изгледаат повеќе како јапи отколку како неонацисти. Тие зборуваат за тешкотиите при интегрирањето на милион луѓе кои не зборуваат германски и тврдат дека тие се вистинските бранители на женските права и Евреи од муслиманските фундаменталисти. Терористичките напади кои ги извршија некои баратели на азил само дополнително ја нахранија нината популарност предизвикана од стравот, зборува историчарот.
Тој укажува и на тоа дека антимигрантските чувста ги користат и другите партии како што се Левица, но и либералите (ФДП), кои најверојатно се партнер на Меркел во новата влада.
AfD исто така играше и на картата на стагнаицја на платите. Иако милиони Германици имаат сигурни работи места, нивните плати слабо растат, иако Германија важи за просперитетна земја.
– И ЦДУ на Меркел и социјалдемократите (СПД) изгубија милиони гласови бидејќи луѓето чувствуваат како париите да ги напуштаат соите традиции. Ако Меркел е обвинета дека го жртвувала христијанското наследство поради мултикултурниот пристап умерените левичари СПД изгубија поради подршката бидејќи се чини дека ја напуштиле социјалистичката политика поради владата која е наклонета кон бизнисмените, вели Алмонд.