Разлетани шајки насекаде! Двајца полицајци се повредени во експлозија во центарот на Будимпешта

од desk3

Двајца патролирачки полицајци биле повредени во силна експлозија во центарот на унгарската престолнина Будимпешта во саботата вечерта, пренесоа светските агенции.
Сеуште не е утврдена причината за експлозијата, посочуваат од локалната полиција.

8e8f9e8ca0fcd25724dfdd3612a1847d

 

Инцидентот се случил пред продавница на едно од најфреквентните раскрсници во центарот на унгарската престолнина. Телевизиски кадри покажаа уништен влез и искршени прозорци на околни згради и автомобили.

Владиниот портпарол одби да коментира дали може да станува збор за намерен напад.

Ројтерс потсетува дека премиерот Виктор Орбан е еден од најпознатите гласовити противници на имиграцијата во Европа и ги повикува гласачите да ги отфрлат на референдум следната недела, наметнати од ЕУ квоти за населување на бегалци , тврдејќи дека имиграцијата ги зголемува ризиците за безбедноста.

Полицијата ја опколи областа околу експлозијата на плоштадот Октогон. На сајтот index.hu е цитиран мејл од очевидец кој видел 50 мм шајка, заглавена во светлото на лоцирано во близина такси. Слики покажуваат неколку клинци на земјата наведени од полицајците со креда.

Локалниот жител Кадоша Бенчи кажал за Ројтерс дека во првиот момент по експлозијата помислил дека станува збор за напад како во Брисел, Париз или Ница. “Можноста нешто слично да се случи каде било во ЕУ е реална”, рекол тој.

Слични содржини