Реформатори на ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на „Водовод“ и претседателот на ОК Бутел се закануваат на членството

од desk2
116 прегледи

Претседателот на ОК Бутел Дарко Костовски заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов јавно се закануваат со физичко и вербално насилство врз членовите на партијата доколку активно не се вклучат во поддршка на кампања за избор на градоначалник во Бутел, објавија денеска преку соопштение Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ.


Според нив, заканите одат до таму што веќе се прават списоци за членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во ЈП и кои ќе бидат прераспределени на пониски позиции во претпријатието.

Од Иницијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ велат дека јавно го осудуваат овој начин на делување на Дарко Костовски и Александар Атанасов.

„Тие треба да се грижат за граѓаните и да работат во нивен интерес, а не да се закануваат на членовите и со закани да бараат поддршка. Господинот Атанасов треба да е засегнат зошто во општината Аеродром континуирано се случува прекин со снабдување со вода, а не да води кампања со линч врз граѓаните“, се додава во соопштението.

СО оваа денешна објава реформаторите најавија дека почнуваат со таканаречен „Ѕид на срамот“, на кој ќе бидат објавени сите имиња на членови кои ќе се дрзнат да агитираат и закануваат за поддршка.

Слични содржини