Ременски: И покрај инструкциите на Груевски да бидете против, ќе гласате за Законот за јазици

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Можам да се обложам со сите пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го гласаат Законот за употреба на јазиците и тоа ќе биде една голем пораз за нив, рече пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, информира а1он.

Таа истакна дека пратениците од ДПМНЕ се во контрадикторност со нивниот лидер, Никола Груевски кој пред медиумите им се додворува на Албанците објаснувајќи колку направил за нив додека бил на власт.

– Груевски, намерно ги става во оган неговите сопартијци во Собранието да говорат дека предлог законот за јазиците е неуставен и во несогласност со Рамковниот договор. Во отсуство на други аргументи зборувате за нешто што и сами не верувате. Очајот е толку голем во вашата партија што вашиот лидер по медиуми се обидува да им се додвори на Албанците докажувајќи колку направил за нив во периодот кога бил премиер, а од друга страна вас како пратеници ве исправа пред срамот да си „пукате во нога“ говорејќи спротивно на тоа што тој го зборува, рече Ташевска Ременски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини