Судот се уште не го добил решението за одземање на имунитетот на шестемина пратеници осомничени за случувањата во Собранието. Од Кривичниот суд само кусо велат дека нивниот распит ќе се одржи кога ќе се создадат услови за тоа, јави Телма.
Со ова се поизвесно е дека распитот за нив ќе се одржи во вторник за кога тие добија покана да се јават вчера утрото уште пред да им биде одземен имунитетот од Собранието.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во вчерашното Ноќно студио на Телма истакна дека целта на мерката за лишување од слобода ја изгубила смислата. Смета дека ако сакале да бегаат, да пречат во истрагата или пак да влијаат врз сведоци тоа можеле да го сторат изминативе 8 месеци. Според Џафери тоа не важи само за пратениците туку за сите осомничени.
Во меѓувреме ниту министерот за внатрешни Оливер Спасовски не сакаше да каже дали МВР го следи движењето на пратениците за да не се случи пред да се донесе решение тие да станат недостапни, како што тоа се има случено со неколкумина обвинети во процесите на СЈО.
За сега нема распишано ниту потерница за шестемина недостапни по кои се трага уште од понеделникот, а не се откриваат кои се. Доцна синоќа судот уште на двајца кои беа во домашен притвор им ја преиначи одлуката и одреди притвор во истражниот затвор, одлучувајќи по жалбата на обвинителството. Со ова само еден од шестемина кои добија куќен притвор остана на оваа мерка. За останатите петмина чии одлуки беа преиначени адвокатите најавија жалба пред кривичниот совет.
Со ново донесените одлуки вкупно 21 се во притвор, еден е во домашен, шетмина се недостапни и за уште шестемина пратеници се очекува да биде донесена одлука. Сите се осомничени за терористичко загрозување
на уставниот поредок за настаните од 27 ми април во македонското Собрание./телма