СДСМ: Граѓаните наскоро ќе користат евтина тарифа на струјата секој ден

од desk2

Владата предводена од СДСМ презема иницијатива и ги интензивира активностите за воведување евтина тарифа на струјата секој работен ден, по два часа, соопштија од партијата.

„Со домаќинско и одговорно работење на државните претпријатија ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се обезбедат услови за воведување евтина тарифа, со што мерката нема да наштети никому. Домаќинствата наскоро ќе можат да ја искористат реалната потреба за евтина тарифа на струјата во текот на денот и за време на викендот“, се вели во партиското соопштение, кое доаѓа по вчерашните написи дека евтина струја нема да има.

Имено, во соопштението од Влада од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев стоеше дека  нема владина одлука за поскапување на струјата и појаснуваат дека „Владата не одлучува за цената на струјата.“

Слични содржини