СДСМ: Грувски ги крадеше граѓаните, ние ги покачуваме платите

од desk4
148 прегледи

За време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните беа постојано осиромашувани за да се богатат Никола Груевски и неговите соработници, но таквото време заврши кога граѓаните избраа нови одговорни власти, реагираат од СДСМ во однос на обвинувањата од опозициската партија дека владата не ги покачила платите на докторите како што ветила пред избори.

„Зголемена е минималната плата на 12.000 денари и тоа важи за работниците во сите стопански гранки. Се создаваат услови за зголемување на платите и за вработените во здравството, образованието, АРМ, градинките и со тоа се отвора спиралата на пораст на платите во Република Македонија. СДСМ преку Владата што ја предводи, продолжува отчетно, одговорно и транспарентно да ги спроведува зацртаните мерки што носат повисоки плати, пензии, подобар животен стандард, нови работни места и квалитетен живот за сите во Македонија“, велат од партијата.

Слични содржини