Со години Драган Павловиќ Латас, главен и одговорен уредник на телевизија Сител, бил прислушуван, следен и контролиран од Никола Груевски и Сашо Мијалков. Груевски и Мијалков не му верувале и не му веруваат на Латас.Зошто ја нема нивната доверба, тоа е прашање што Латас треба да го постави до тие што не му веруваат и да ги покани во студиото на ТВ Сител да му објаснат.

Тоа го порача СДСМ во одговор на главниот и одговорен уредник на Сител, Драган Павловиќ – Латас, кој во вестите во 16 часот упати отворена покана до лидерот на опозицијата Зоран Заев да биде гостин во Дневникот на Сител во 19 часот под услов со себе да го донесе досието за прислушувањето на Латас, и воедно да потпише изјава дека го предава целото досие и дека само Заев го преслушувал.

Слични содржини