СДСМ Прилеп нуди тим од 27 чесни, вредни, стручни, одговорни советници

од desk2
133 прегледи

СДСМ Прилеп и коалицијата, нудат тим од 27 чесни, вредни, стручни, одговорни луѓе, а приоритет им се интересите и потребите на граѓаните на Прилеп.


„Со мене како иден претседател на Совет на општина Прилеп, потребите на секоја урбана заедница ќе бидат ставени на дневен ред на седниците на Советот. Општината ќе биде партнер на граѓаните. Прилеп ќе го добие заслуженото место на мапата развиени европски општини“, рече носителот на советничка листа на СДСМ, Миле Талевски.

Вети дека тимот советници на СДСМ, заедно со идниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ќе работи отчетно и транспарентно, а вратите на Општината ќе бидат отворени за сите.

Слични содржини