Седница на Парламентот на Зимбабве за импичмент на претседателот Роберт Мугабе

од desk4

Во Зимбабве започна седницата на Парламентот, на која ќе се разгледа барањето за отповикување на претседателот Роберт Мугабе, кој раководи со земјата 37 години.

– Сметам дека барањето е прифатливо, изјави претседателот на Долниот дом на Парламентот, Џејкоб Муденда пред членовите на двата парламентарни дома.

Според него, тоа барање е без преседан во историјата на независноста на Зимбабве од 1980 година.

На вонредна седница во неделата владејачката партија ЗАНУ-ПФ го отстрани од лидерската функција 93-годишниот Мугабе и ја исклучи од партијата неговата сопруга Грејс Мугабе.

Слични содржини