Семејството на Астори ангажирало човек да ја испита неговата смрт

од Vladimir Zorba

Семејството на ненадејно починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори најмило консултант, кој ќе ја следи внимателно аутопсијата на фудбалерот и ќе помага на истражните органи за разјаснување на причината за неговата смрт.

„Роднините на Астори сакаа уште еден човек да се вклучи во истрагата. Тој ќе ја следи внимателно обдукцијата која ќе утврди што точно се причините за неговата смрт“, вели Вирио Кампејс – адвокат на блиските на фудбалерот.

Потсетуваме дека Астори беше пронајден мртов во својата хотелска соба во „Ла Ди Морет“ во неделата наутро.

Погребот на фудбалерот е утре во Фиренца.

Слични содржини