Северна Кореја изврши успешно тестирање на моќен ракетен мотор, се готви за сателит или нуклерка…

од desk3

Северна Кореја изврши успешно тестирање на нов и моќен ракетен мотор, под водство на лидерот на земјата Ким Џонг-ун, соопшти официјалната севернокорејска новинска агенција, цитирана од АФП и Ројтерс.

Ким наредил на научниците да започнат со подготовки за лансирање на сателит, што ќе се случи “што е можно поскоро”. Тестираниот моторот може да и даде на Северна Кореја “доволна способност за истрелување на различни видови сателити, вклучувајќи за набљудување на Земјата”, соопштува севернокорејската агенција.

koreja

Ким Џонг-ун присуствувал на испитниот полигон и е забележано тестирање на ракетниот мотор од нов тип, наменет за истрелување на геостационарен сателит. Тој ги пофалил научниците и технолозите, кои успеале да го создадат овој мотор “и покрај сложената економска состојба во земјата”, наведува севернокорејската новинска агенција. Весникот “Нодом синмун” објави фотографии на лидерот, како го мониторира тестот.
“По две години Демократска Народна Република Кореја треба да има свои геостационарна сателити”, изјави Ким Џонг-ун. Тој истакнал дека вселенската индустрија е важен индикатор за моќта на државата и повикал за интензивирање на активностите за изучување на Земјиниот простор во рамките на развиената во земјата петгодишна вселенска програма.

За проценка на КЦТА за време на тестот, кој траеше 200 секунди, сите технички системи на моторот работеле стабилно.

Тестот е извршен малку откако меѓународната заедница ја осуди петтата нуклеарна проба на Пјонгјанг, извршена овој месец. Портпаролот на јужнокорејските воени сили рече дека новиот тест најверојатно е на мотор кој може да се користи за ракети со голем дострел, јави Ројтерс.

Цитиран е и експерт, кој вели дека новиот мотор може да е развиен во соработка со Иран. Во последните години ирански експерти заминаа за Северна Кореја, за да работат на 80-тонскиот ракетниот мотор развиен од Северна Кореја, тврди и Министерството за финансии на САД.

Слични содржини