Шпанскиот Уставен суд забрани седница на Парламентот на Каталонија

од desk2

Шпанскиот Уставен суд денеска го забрани одржувањето на седницата на регионалниот Парламент на Каталонија, која е закажана за в понеделник.

Каталонските власти најавија дека в понеделник ќе постапат во согласност со резултатот од референдумот на 1 октомври и ќе прогласат независност.

Судот ја донесе ваквата одлука по жалбата на Социјалистичката партија на Каталонија, која се противи на каталонската независност и која на оовј начин се обидува да го спречи одржувањето на седницата на Парламентот./MIA

Слични содржини