СЈО ќе се жали до Апелација за бомбите да бидат доказ во постапката

од desk2
81 прегледи

СЈО најавува жалба до Апелација во рок од 3 дена откако кривичниот суд ги одби бомбите како доказ во постапката за „Топлик“, „Тендери“ и „Тортура“, потврдуваат од тимот на Јанева за „Макфакс“.

Во претходните два случаи, Апелација одлучуваше во корист на СЈО и ги менуваше првичните одлуки на основните судови во предметите „Насилство“ и „Триста“. Тоа значи дека бомбите во овие случаи се доказ во судските постапки.

Инаку, Кривичниот суд на барање на одбраната ги одби телефонските разговори, односно, „бомбите“ како докази во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“, за коишто Специјалното јавно обвинителство поднесе обвиненија.

За барањето на одбраната телефонските разговори да се издвојат од списите на предметот како доказ прибавен на незаконски начин одлучуваше Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во случајот „Тендери“ обвинета е министерката за култура за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.
За случајот „Топлик“ осомничени се шест лица од министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“. „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работ, Љубе Бошкоски.

Слични содржини