Опремата била набавувана преку фирмата на Коста Крпач кој неодмана се самоуби под сомнителни околности.
Три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР се товарат за злоупотреба на набавка на опрема за телекомуникација од Велика Британија.
Набавката на опремата е извршена преку фирмата „Финзи ДООЕЛ“ Скопје.
Како што соопшти обвинителката Фатим Фетаи, станува збор за проневера на 53 милиони и 15.794 денари или 862.045 евра штета на буџетот на Макеоднија. Оваа набавка почнала во 2010 година.
Ова е прв предмет од економскиот криминал кој е произлезен од прислушуваните материјали. Предметот го носи називот „Трезор“.
-Доказите упатуваат дека прво, второ и третоосомничениот со цел да набават опрема во име на УБК во Велика Британија оствариле состанок со едно правно лице за потребите на петтата управа. Наместо опремата да биде набавена директно од правното лице, според доказите, договориле истото да се направи прелу „Финзи“. Било лице кое е во крвно сродство со третоосомничениот. Откако ги договориле условите, усно му наложиле на сведокот да започне со постапка на набавка и да се спроведе без примена на законот. „Финзи“ доставил понуда со вкупна вредност од 124.293.000 денари. Изготвен е договорот за купопородажба со вкупна вредност од околу 124.293.000 денари, го објаснуваше случајот обвинителката Фатиме Фетаи.
Истата опрема, кко што објасни Фетаи, „Финзи“ ја префактурирала на МВР. Од ова произлегува основано сомнение дека набавиле имотна корист и нанеле штета на буџетот, во висина од разликата меѓу ДДВ.
-На 09.07.2012 е склучен втор анекс договор 3.490.000 денари меѓу МВР и Коста Крпач. Осомничените набавиле имотна корист од 215.000 евра, во висина од ДДВ. Во временскиот перод од јули 2014 до 2015 и за Финзи доел набавиле 285.000 евра на средствата на буџетот. Доказите упатуваат дека прво и второосомничениот се договориле како да има потреба од одржување на опремата, иако немало. Според доказите, со допис се наведува дека заради набавка на опремата од Велика Британија, било потребно да се сервисира опремата, а во име на производителот да продолжи да ја прави „Финзи“. Оопремата книгивидствено во МВР е евидентирана со 1 денар, а одржувањето е околу 30.000 евра. МВР се обврзало на „Финзи“ да му ислаќа месечен паушал со што осомничените за „Финзи“, поради истечен рок на лиценците, прибавиле имотна корист од 285.000 евра. Овој износ е исплатен авансен месечен пашал, а по смртта на Крпач еднострано од страна на МВР бил раскинат. До судот ќе бидат побарани мерки за привремено замрзнување на имот и мерки за претпазливост“, додаде Фетаи.
Опремата што е набавена преку фирмата Финзи не е уништена, изјави специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска одговарајќи на прашања по повод денешната прес конференција по повод отварањето на случајот „Трезор“ со сомненија за злоупотреби од пари од буџетот.
Управител на фирмата Финзи бил покојниот Коста Крпач
Обвинителката Ристовска рече СЈО има обезбедено сознанија од покојниот Крпач, не само за оваа, туку и за други истраги.
ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ ВО УБК И МВР ИЛИ НОВ СЛУЧАЈ НА СЈО СО НАСЛОВ „ТРЕЗОР“ !
СЈО не ги соопшти имињата на осомничените, но најави превземање на мерки на претпазливост како и замрзнување на имотот на осомничените. Посочено е дека сите осомничени се во државава.
Парите како и вистината се како шило, рече Фетаи. „Ова обвинителството ќе бара да седнат на обвинителна клупа и да ги вратат“.
Обвинителката Ленче Ристовска рече дека името на компанијата од Велика Британија не може да биде соопштено. На новинарско прашање дали парите завршиле за финансирање на медиуми, таа рече дека истрагата понатаму ќе покаже, и во интерес на истрагата сега нема да се соопштуваат други детали