129
Расправата по оваа точка на претходните продолженија на седницата се одвиваше во тензична атмосфера, бидејќи пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резулатат на политички договор на владејачката коалиција и дека нема аргументи за законот да е обележан со европско знаменце.
Од владејачкиот СДСМ, пак, велат дека предложениот закон за употреба на јазиците не е противуставен, туку е во согласност со членот 5 од Уставот на Република Македонија и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници и отвора шанса за изградба на едно општество за сите./Мета