Утрово во Струмица возило удрило во приватниот автомобил на опозицискиот лидер Зоран Заев. Во моментот на сообраќајката во возилото биле возачот на Заев и неговата сопруга.

zaev-audi-540x264

 

Од ударот како што за Либертас изјави Заев сопругата на неговиот возач има скршено ребро и е однесена во болница. Аудито на Заев било многу оштетено.

Заев вели дека првомајските празници ги поминува во кругот на семејството во Струмица.

Претходно некој од порталите објавија дека во возилото кога се случила сообраќајката бил Заев со сопругата и дека таа била однесена во болница,но Заев за Либертас вели дека тоа не е точно.

Во моментот на сообраќајта со возилото управувал возачот на Заев, а во него била уште сопругата на возачот на претседателот на СДСМ.

Од ударот прилично е оштетено возилото, а сопруга на возачот се здобила со повреди и набиеници и завршила во струмичката болница.

Неофицијално, во возилото удрило друго возило кое се движело со голема брзина./Либертас

Слични содржини