Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот на општина Куманово

од desk2

Советниците од Коалицијата „За подобра Македонија“ ја напуштија денешната трета седница на Советот на општината во знак на револт за притварањето на членови на ВМРО-ДПМНЕ за настаните од 27 април годинава.


„Сведоци сме дека се врши притворање на луѓе околу нас кои размислуваат поинаку од актуелната власт и апсурдно е во такви услови, ние тука да разговараме за буџети или да разгледуваме финансиски извештаи за работа на јавните претпријатија“, рече пред напуштањето на седницата координаторот на советничката група, Драган Петковски.

Претседателката на советот, Атина Мургашанска, како што пренесува МИА, возврати со изјава дека во советот нема место за вакви излагања и дека вакви ставови треба да се пренесуваат на партиски прес конференции.

Седницата на Советот, сепак се одржа, бидејќи имаше кворум./MIA

Слични содржини