СП 2017: Одиграни првите натпревари и во групите Ц и Д

од Vladimir Zorba

На Светското првенство во ракомет што се игра во Франција синоќа беше комплетирано првото коло, а стартуваа и дуелите од вторатат рунда. Во групата Ц во Руен беа постигнати следниве резултат: Белорусија – Чиле 28:32, Германија – Унгарија 27:23 и Хрватска – Саудиска Арабија 28:23.

Во групата Д што се игра во Париз: Катар – Египет 20:22, Шведска – Бахреин 33:16 и Данска – Аргентина 33:22.
На првиот дуел од 2.коло од групата А во Нант домаќинот Франција ја победи Јапонија 31:19 и ја постигна втората победа на шампионатот.
Денеска се играат седум натпревари од 2.коло.

Слични содржини