Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски негира дека во зградата на МВР за време на изборниот процес ќе има партиски штаб, информира Телма.
Времето за користење на ресурсите на полицијата за време на изборна кампања се минато, а секој полицаец ќе помине обука и ќе биде санкциониран ако делува партиски, вели Спасовски.
Кандидатите за градоначалнци се ракуваа и си посакаа успешна или не успешна кампања, а од изутринава два партиски штабови се нападнати. Спасовски со порака до партиските раководства – од кршење партиски седишта нема политички поени.
Сепак, намерите на владата да организира мирни, фер и демократски избори кој европската заедница будно ќе ги следи се впишани и во владиниот план 3-6-9.
Посериозни прекрушувања на предизборите, и изборниот процес владата одлучи да спречи преку забрана на функционерите, злоупотреба на државни ресурси, и врбување на вработени.
Предвремен почеток на изборна кампања на партиите е прватаа реакција која пристигна од експертите и граѓаните, но до сега државната изборна комисија која даде зелено светло на изборниот процес не констатираше неправилности или прекршувања. Оној кој ќе спречи друг да гласа или ќе му се заканува според кривичниот законик ќе оди во затвор најмалку 3 години , а ако некој носи, бомби, пиштоли или напаѓа поединци или групи за време на изборите ќе се казни со 5 години затвор.