Спасовски: Оние што го криеја убиството на Нешкоски немаат право да обвинуваат за убиството на Јанушев

од desk2

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 24 ги отфрли обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека МВР ги штити убиецот и нарачателот на убиството на Мартин Јанушев и додаде дека оние кои го криеле убиството на Мартин Нешкоски немаат никакво право никого да обвинуваат.


„Овие изјави кои ВМРО-ДПМНЕ ги дава со дневнополитички цели сакам да ги отфлам со индигнација. Тоа е една лага што се пласира во јавноста. Сведоци сме дека опозицијата најдобро пласира лажни вести, и тоа не само сега, туку и во моменти кога беше влада. Тие со лага 11 години се одржуваа на власт. Лица што го криеа убиството на Мартин Нешкоски и лица што правеа се да заштитат одредени луѓе што учествуваа во убиството на Нешкоски, немаат никаков кредибилитет да обвинуваат било кого. Тоа е лага и никого немаме намера да штитиме. Секој мора да одговара за своите постапки“, рече Спасовски.

За убиството на Јанушев, Спасовски повтори дека МВР има непобитни докази дека Ф.С. е убиецот на Јанушев.

„МВР мора да се грижи за безбедноста на граѓаните, но за жал, ете се случуваат и вакви настани каков што е овој со убиството на Мартин Јанушев. За овој случај имаме цврсти докази дека Јанушев е убиен од Ф.С. Имаме индиции каде осомничениот се наоѓа, работиме за да го пронајдеме и да го изведеме пред лицето на правдата. Тогаш ќе ги дознаеме и мотивите. Сега се анализираат сите докази, се вештачат мобилните телефони, а на местото на убиството е пронајден и пиштол за кој се испостави дека пиштолот е од извршено кривично дела. Тоа оружје не е на таткото на Јанушев или на било кој член на неговото семејство. Овој пиштол убиениот го имал во него подолго време и со него била извршна кражба“, рече во интервјуто за телевизијата министерот Спасовски.

Министерот Спасовски додаде дека оружјето со кое е убиен Јанушев не е најдено, а за тоа дали МВР има одговорност за бегството на убиецот, појасни дека МВР има постапено во согласнот со сите законски процедури веднаш по убиството и сите постапки се преземени од страна на полицијата.

„Во периодот по убиството нема пропусти од наша страна во врска со преземање на сите мерки, обезбедување на местото и прибирање на доказите. По убиството осомничениот се оддалечува од место. Се преземаат сите мерки за негово пронаоѓање. Случајот е во фаза на истрага и ќе треба да се испита и дали тој бил сам или некој му помагал. Откако ќе биде пронајден ќе можеме да го склопиме целиот тој мозаик“, изјави Спасовски.

Околу откривање на убиството ќе помогнат и вештачењата на мобилните телефони, рече Спасовски и додаде дека од овие податоци веќе се добиваат информации.

За убиството на Дилевер Бојку, кое е исто така нерасчистено, министерот Спасовски изјави дека во јавноста ќе излезат кога ќе го потврдат она што сметаат дека е крунски доказ во расветлување на убиството.

Слични содржини