163
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители на која се разгледуваше Извештајот на СЈО, информира новаТВ.
По 3 часа расправа, таа одлучила да ја напушти седницата поради, како што рече личните навреди од Зоран Сулејманов – член на Советот кој почнал да ја напаѓа обвинителката за работи кои не се однесуваат на Извештајот на СЈО.
Јанева одговори дека нема да трпи лични напади и ја напушти седницата./ извори Новатв видео Мета твит
Специјалната обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, бидејќи повторно и вршелe мобинг #СЈО pic.twitter.com/pFfvJJABwC
— META.mk (@meta_agency) September 28, 2016