images

Македонија ја плати и последната рата од 174 милиони долари на ММФ, со што го ислати кредитот вреден 312 милиони долари земен во 2011 година.

Парите се вратени предвреме и со тоа земјава заштеди околу 5 милиони евра на камати и каматни разлики, соопшти министерт за финансии Ставрески. Последната рата е исплатена со средства од девизните резерви.

Министерот рече дека последната оценка на кредитната агенција Фич потврдува дека Македонија ја задржала оценката од ББ плус со стабилни изгледи, што било потврда за макроекономската стабилност и умереното ниво за задолженост.

Заклучно со јануари јавниот долг е 43,9 проценти од БДП, процент кој значајно се зголемуваше во изминатите години.

Слични содржини