Суспендиран главниот обвинител на БиХ, му давал информации на Додик за постапките против него…

од desk3
336 прегледи

13215-goran-salihovic-tuzilastvo-dodik
Дисциплинската комисија на Високото обвинителство и Судскиот совет го суспендираше денеска главниот обвинител на БиХ, Горан Салиховиќ.

Тој е суспендиран до завршување на дисципллинска постапка што против него е покрената поради сомневање за злоупотреба на функција и овластувања.

Во соопштение се вели дека одлуката за суспензија на Салиховиќ е на барање на Дисциплинската комисија врз основа на тоа што е утврдено дека постојат елементи за незаконска негова постапка во досегашната работа.

Постапката против Салиховиќ е покрената по наводи во медиуми дека тој преку посредник до претседателот на РС, Милорад Додик оддавал податоци за текот на истраги што против него се покренати во државното обвинителство поради сомневање за финансиски малверзации.

Еден од посредниците според медиумите, е новинарот Мато Ѓаковиќ кој приватно се состанувал со Салиховиќ и потоа податоците од него ги пренесувал до Додик.

Доказ за тоа се телефонски разговори прислушкувани од Државната агенција за истрага и заштита, а еден е објавен во медиумите.

Во него јасно се слуша Ѓаковиќ како на Додик му пренесува што му рекол Салиховиќ за истраги кои се однесуваат на работата на Бобар банка и Павловиќ банка.

Салиховиќ во понеделникот рече дека Високиот совет сака да го смени поради истрага што ја поркенал против Додик, а во врска со организирањето на референдум за Денот на РС./МИА

Слични содржини