Тишина во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

од desk4

Додека се пребројуваат гласовите на граѓаните од целата држава, тишина владее во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од Бихаќка каде членовите и симпатизерите на владејачката СДСМ веќе започнаа со славје.

Според Државната изборна комисија од 14,22 отсто обработени гласови во 37 општини води СДСМ, додека пак ВМРО-ДПМНЕ води во 15.

Најголемата опозициска партија закажа прес конференција за во 23:00 часот каде најверојатно од партијата ќе излезат со прелиминарни резултати од локалните избори./а1он

Слични содржини