120
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД се подготвени за воена опција, кога станува збор за нуклеарната криза со Северна Кореја, иако не го претпочита таквиот приод.
– Целосно сме подготвени за другата (воена) опција, но тоа не е опцијата која ја преферираме, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Тој истакна дека доколку САД, сепак, ја преземат таа опција, таа ќе биде „катастрофална“.
– Тоа можам да ви кажам, катастрофална за Северна Кореја. Тоа се вика воена опција. Ако мораме да ја преземеме, ќе го направиме тоа, изјави американскиот претседател
Северна Кореја отсече : Трамп ни објави војна! Ние ќе употребуваме контрамерки