Трст, самитот заврши со потенцијално важни проекти за Западен Балкан

од Vladimir Zorba

 

На Самитот во Трст, шестте лидери на западниот Балкан го усвоија долгогодишниот План на делување во еден економски регионален простор, информира АлсатМ.

Неговата цел ќе биде да се овозможи слободно движење на стоки, услуги, капитал и работници за регионот да стане попривлечен за инвестиции и трговија. Чекорите се фокусирани на:

  • Промовирање на понатамошната интеграција на трговијата
  • Презентирање на динамичен простор за регионални инвестиции
  • Олеснување на регионалното движење
  • Создавање на дигитална агенда за интегрирање

Спроведувањето на чекорите ќе го набљудува Секретаријатот на Советот за регионална соработка заедно со ЦЕФТА. Според експертите, првиот впечаток е дека за разлика од претходните самити, овој завршил со конкретни проекти.

„Идејата е следната деценија со овие инвестиции овие земји да се подготват да се доближат до портите на Брисел. Ова нема да се случи веднаш и нема да се случи преку ноќ бидејќи да не забораваме, Балканот веќе 25 години беше во таканаречено пост-конфликтно трансформирање. Тоа што му треба на Балканот од сега и за наредните 25 години е пост-корупциско трансформирање.“ – вели Блерим Река- универзитетски професор

Андреја Стојковски од „Еуро Тинк“ не ја исклучува можноста шестте земји, Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина веднаш да постигнат компатибилност со вредностите на ЕУ и да станат дел од неа.

Според експертите, таканаречениот „Балкански шенген“ постои од 2008-та година кога почнаа укинувањата на граничните контроли и кога почна поминувањето на границите само со лични карти./извор АлсатМ

Слични содржини