Цивил: Екслузивни фотографии од нападот на пратеникот Зијадин Села

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Ексклузивни фотографии од крвавиот напад на Собранието и обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села и пратеници од редовите на новото парламентарно мнозинство, на 27 април, објави ЦИВИЛ – Центар за слобода.  На фотографиите се гледаат групата напаѓачи како го влечат телото на пратеникот Зиадин Села.

 

Според доверливи извори, едно лице кое се наоѓа на овие фотографии сè уште не е идентификувано. Постои голема сличност меѓу тоа лице и лицето на фотографијата најдолу.

ЦИВИЛ ја користи и оваа прилика да ги повика институциите да ги извршат своите законски обврски и да ги приведат извршителите, организаторите и нарачателите на овој акт на тероризам.

 

Слични содржини